Филип Темелковски ја презеде функцијата во Општина Кисела Вода
Новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Билјана Беличанец Алексиќ, која раководеше со овој дел на градот во изминатите четири години.