Мексиканци кои славеле за победата против Германија, предизвикале вештачки земјотрес
Илјадници навивачи на мексиканскиот национален фудбалски тим, славеа бурно низ улиците на мексиканските градови. А, пак, мексиканското тло буквално се затресе, кога напаѓачот Ирвинг Лозано го даде единствениот гол во натпреварот против Германија во 35. минута, јавуваат сеизмолозите.