Во гостиварската општина утрово започна референдумското изјаснување. Сите избирачки места се навреме отворени и не се регистрирани проблеми или попречување на гласачкото право, информираат од ОИК Гостивар.
Почна гласањето на сите 50 избирачки места во Преспа, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Кирил Танески.
Навреме се отворени сите 167 избирачки места во Куманово, информираше претседателот на Општинската изборна комисија, Звонимир Николовски. За референдумот право на глас имаат 92.560 гласачи од Куманово.
Во дебарскиот поширок регион навреме почна референдумското изјаснување на граѓаните со право на глас.
Сите гласачки места во општина Струга се отворени навреме, утрово во 7 часот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба.
Во Прилеп гласањето почна точно навреме и сите 142 избирачки места се отворени во 7 часот. Нема никакви проблеми, информираат од Општинската изборна комисија.
Во полошката општина Врапчиште гласањето утрово почна без доцнење.
Сите гласачки места во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче се отворени точно во 7 часот и во нив гласањето тече без никакви проблеми.
Во гостиварската општина Маврово-Ростуше утрово почна референдумското изјаснување.
Гласачките кутии во пелагониските општини Битола, Демир Хисар, Могила и во Новаци се отворени.