Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани
- Гласачкото место 5025 беше отворено на време, во седум часот и затворено во 19 часот. Од 24 запишани гласачи, вкупно гласаа 17 македонски државјани. Гласањето течеше непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на изборниот одбор во ДКП Белград, Александар Поповски.