Заев: Мицкоски не е свесен дека имаме консензус дури и за референдумот
Со опозицијата досега имаме убав дијалог и консензус по многу важни прашања, а тоа се потврдува затоа што пратениците заедно гласаа и за двотретински и за закони со просто мнозинство. Последно заедно го избравме новиот директор на ОТА и тоа е добро, надежно. Дури и за референдумот, Мицкоски не е свесен дека имаме консензус, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.