Заев од Гевгелија: Сите ќе се радуваме на историската одлука што доаѓа пред нас
Сите ќе се радуваме на историската одлука која доаѓа пред нас, на 30 септември. Сите сме свесни пред колку исправна одлука сме соочени и дека оваа чест е токму на нашата генерација. Убеден сум во нашиот народ, дека имаме горд, одговорен народ и дека ќе води грижа и за својата Македонија, но и за своите деца и поколенија кои доаѓаат по нас.