Флекенштајн: Референдумот е прозорец што ретко се отвора
Референдумот е прозорец што ретко се отвора и треба да го искористите. Зависи од раководствата во Македонија и Грција, но најмногу зависи од вас што ќе одлучите, порача германскиот европратеник Кнут Флекенштајн на дебатата на тема „European Values for Macedonian Future“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, што денеска се одржа на Правниот факултет Јустинијан Први.