Поенти референдум: Со заедничка идеја за македонската иднина во ЕУ и НАТО
Местото на Македонија е да биде интегрирна во европскиот свет. Недела, 30 септември е ден за гласање, секој глас е важен, секој да се охрабри, бидејќи од нас зависи. Само со индивидуален граѓански ангажман и со заедничка идеја за македонската иднина во ЕУ и НАТО може да успееме, порачаа поддржувачите на референдумот на маршот за европска Македонија во Скопје.