Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас, се работи за иднината на нашите деца
- Независност и слобода. Тоа се стремежите за кои нашиот народ се бореше низ славното минато. 8 септември деведесет-и-првата (91-та), беше остварување на тој идеал, историски ден кога граѓаните, на референдум, избраа иднина во своја, самостојна и независна држава.