ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува референдумот, 71 пратеник се вклучија во кампањата „За“
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од вчера и официјално почнаа со набљудување на референдумот, што ќе се одржи на 30 септември. Во меѓувреме, Собранието соопшти дека 71 пратеник активно ќе учествува во кампања „За“ на референдумот, пратеникот Антонијо Милошоски е дециден дека ќе бојкотира, додека ВМРО-ДПМНЕ се уште тактизира и својот конечен одговор го најави за среда.