Бутикофер: Референдумот од клучна важност за иднината на Македонија, регионот и ЕУ
Не сме заинтересирани да видиме само решение на проблемот кој го имавте со Република Грција, туку сме подготвени и да се ангажираме и да помогнеме за отворањето на вратите на ЕУ за напредокот на Македонија и да пружиме помош, дури и во овој момент, иако преговорите не се почнати, за унапредување во соработката со ЕУ, рече денеска европратеникот Рајнхард Бутикофер на средбата со премиерот Зоран Заев.