Димитриевски: Македонските граѓани заслужуваат убав живот и подобра иднина (ЕМБ)
Денес мора да победи Република Македонија, а потоа и нејзините граѓани, бидејќи заслужуваат убав живот и поубава иднина. 30 септември е еден од позначајните датуми, 2018 треба да биде запаметена како година на историска одлука, која граѓаните на Македонија треба да ја донесат денеска, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски по гласањето.