Џафери: Се надевам дека сите учесници ќе придонесат за одржување на фер и демократски избори
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати апел за фер и регуларни избори до граѓаните, политичките партии, но и до кандидатите за претседател пред почетокот на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално стартува на 1 април, бидејќи тоа е во интерес на државата и еден од условите за датум за преговори со ЕУ.