Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 ДКП-а, најголем број во Венеција, Љубљана и Париз
Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на претстојните претседателски избори, од нив најголем број ќе го исполнат гласачкото право во Венеција 290, во Љубљана 215 и во Париз 123 лица.