Заев: Прва тема на лидерската средба претседателските избори
Потврдивме дека прифаќаме средба меѓу претседателот на СДСМ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и таа средба ќе се случи, веднаш штом ќе ги потврдиме роковите и верувам дека може до крајот на оваа седмица да се случи, но првата тема ќе бидат претстојните избори, изјави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.