Седница на ДИК, теми подготовките за избори
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледуваат Предлог – обрасците за претседателските избори, како и предлог-обрасци на избор на градоначалник на општината, Предлог одлука за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи, како и Предлог – одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на изборите 2019 година.