Течат роковите на ДИК за организација на претседателските избори
Согласно Роковникот на Државната изборна комисија за претстојните претседателски избори, Министерството за информатичко општество и администрација до Комисијата најдоцна до утре треба да ги достави податоците за вработените во државната и општинска администрација, администрацијата на Град Скопје, како и јавната администрација, за формирање на општинските изборни комисии (ОИК).