Oсмани: Ќе имаме слободни, фер и веродостојни претседателски избори
Досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата на ОБСЕ во земјата го даде во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, се од голема полза за Република Македонија, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.