Изборите добро организирани, потребна е реформа на законската рамка, меѓународните набљудувачи
Вториот круг на претседателските избори беше добро спроведен и помина во мирна и спокојна атмосфера. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучи меѓународната набљудувачка мисија за изборите во земјата на денешната прес-конференција.