Силјановска ја продолжува трката по гласовите на неопределените
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски синоќа од Прилеп порача дека масовното гласање во вториот круг од изборите значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ и конечно, по 10 години, да добиеме вистински претседател на државата. Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, пак, рече дека ја продолжува трката во потрага по гласовите на неопределените.