ДИК караван: Граѓаните да ги дознаат своите гласачки права
Во пресрет на претстојните претседателски избори 2019 година, а со цел едукација на гласачите, Државната изборна комисија организира едукативен и информативен карван во рамки на кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Карванот во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.