Зибери: Јас претендирам да ја водам идната Влада за поперспективна земја
Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери денеска имаше неколку средби со жителите на Тетово. Тој во центарот на градот се сретна со новинарите од каде ја испрати пораката дека 15 јули, иако како секој изборен циклус е важен за земјата, има одредена специфичност.