Точно во 7 часот утрово, почна гласањето за градоначалник на општина Гевгелија на сите 36 избирачки места на кои право на глас имаат вкупно 19.076 граѓани, изјави Митко Ризов, претседател на ОИК Гевгелија
Сите избирачки места во општините Радовиш, Василево, Ново Село и Конче се отворени во 07:00 часот за гласањето од вториот круг за избор на градоначалници
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право
Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите
Денеска ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, соопштија од Службата за односи со јавноста при Јавно обвинителство на Република Македонија, Комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите
Во вториот круг од седмите Локални избори денеска ќе се гласа за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи
Гласање за градоначалници на вториот круг од Локалните избори ќе има во 44 општини на 2481 избирачко место, вклучувајќи го и Градот Скопје и започнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот
Изборниот молк што почна на 30 октомври во 00:00 часот трае до затворањето на гласачките места вечер во 19 часот
Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали
За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи