Цветковски: Граѓани на Лозово ве повикувам сите заедно да ставиме крај на политиката на локално шерифување на поединци
Напредокот на општината е цел кон која сите заедно мораме да работиме и да се залагаме. Како човек кој досегашниот животен век го поминал во општина Лозово ја знам душата на секое населено место, ги познавам секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тоа се мои маки и проблеми