Разговарав со Џафери, измените на изборниот законик ќе се носат после локалните избори, вели Заев
Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив. Ова денеска го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи се на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери.