Во Гостивар до 9 часот 2,19 проценти излезност, во Врапчиште 1,58, во Маврово Ростуше 3,43 проценти
Проблемите со апаратите за отчитување на отисоци на прсти што се појавија во утринските часови се надминати и гласањето во општина Гостивар се одвива непречено. Од вкупно 80.050 граѓани, на гласање излегле 1.777, што е 2,19 проценти, информираше потпретседателката на ОИК Гостивар, Ајше Османи