Во Кавадарци до 17 часот со 51,23 отсто излезеност за претседателски и 51,29 за парламентарни избори
Во Кавадарци до 17 часот е евидентирана 51,23 отсто излезеност за претседателски и 51,29 проценти за парламентарни избори. Во Росоман, 57,11 отсто е излезеноста на парламентарните и 57,28 проценти на претседателските избори, информираа од општинските изборни комисии.