Лесново се смета за големо духовно светилиште од кое се ширела словенската писменост и каде постоело едно од најстарите училишта во Македонија, основано во XI век.
Девојките од сите околни села доаѓаа на корзо во Девич да ги гледаат убавите мажи, а било и желба на секоја девојка да се омажи за убав девичанец.
Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен. Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини.
Сепак она што секој град во светот го прави попривлечен е гостољубивоста на локалното население, поради што во некои градови се чувствувате како дома.
„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видео – репортажата што ја објави Би-Би-Си вчера на својата веб-страница во рамки на т.н. Травел шоу.
Седумстотини години стар храм одбива да исчезне под вода и покрај тоа што во последните неколку недели нивото на водата на Јангце порасна за околу десет метри.
Во мариовскиот крај најмногу се лови риба на реката Црна и нејзините притоки. Најпознати места за риболов се Сивиот и Стојчевот вир под селото Ивени. Овде се лови сом и крап и познатата мрена.
Во духот на богатата црковна традиција, како порано, така и денес овде се прославува големиот празник Илинден. Прославата кулминира со ора на средсело и со звукот на зурлите и тапаните, неизбежни при било каква веселба во овие краишта.
Зрзе е село од збиен тип со многу куќи, но со сè помалку жители ја доживува судбината на повеќето македонски села. До почетокот на XX век, селото броело околу 400 жители, а денес живеат 30-тина воглавно стари лица.
Она по што Богомила е позната до денес е Поп Богомил и неговото богомилско учење и движење, кое на овие простори опстоило скоро 5 века.