Драгоцените икони од карпинскиот манастир
Скапоцена колекција на стари икони се наоѓа во Галеријата на икони во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. Еден од најстарите експонати во Галеријата е карпинскиот иконостас, со празничните икони, крстот со сликано Распетие и царските двери, кои потекнуваат од 1606-тата година, потоа двете нафори, певницата и владичкиот престол.