Дејвид Џејсон ќе го прослави Божиќ со ќерката, која 50 години не ја познавал
Сер Дејвид Џејсон, легендарниот „Дел бој“ во британската ТВ-серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), ќе има посебен семеен Божиќ, којшто ќе го помине и со својата ќерка Аби Харис, чие име го дозна дури во 2022 година, 52 години по нејзиното раѓање.