Југословенскиот киоск „K-67“ – хит во Њујорк
Култниот југословенски киоск „K-67“, од познатиот словенечки архитект и дизајнер Саша Махтиг, осамна на плоштадот „Тајмс сквер“ во Њујорк, САД, уште претходниот месец. Киоскот е поставен како дел од проектот „Тајмс сквер трансмисис 2021“ и се користи како ди-џеј штанд за пуштање музика.