Околу Соломонските Острови, поморски биолози открија нов вид желки кои светат в мрак и имаат необична способност за биофлуоресценција, односно емитуваат светло во различни бои, како на пример, зелена и црвена
Алек Болдвин повторно „незадовoлно“ коментираше на Инстаграм-профилот на неговата ќерка, овојпат затоa што таа се сликала во танга и сликата ја објавила на интернет
Монти Скијага е изолирано село во северна Италија, каде што, сепак, има пристап до водоводен систем и се наоѓа на 115 километри северно од Милано
Скафандерот кој Нил Армстронг го носеше на „Аполо 11“ вчера беше изложен првпат по 13 години во Националниот музеј на воздухопловство и космонаутика „Смитсон” во Вашингтон, по повод 50-годишнината од мисијата на Месечината
На Инстаграм се појави нов тренд – тетовирани уши, како замена за пирсингот по цело уво или, едноставно, како дополнување за обетките
Инстаграм-блогерката Лори Фејт сакаше брзо и драстично да ја промени бојата на својата коса од сина во бела, во видео во живо
Кога ќе ви го украдат паричникот, веројатно и не очекувате да ви биде вратен, но и тоа се случува… Бети Сисом (89) била пријатно изненадена кога ѝ соопштиле дека паричникот што таа речиси и да заборавила дека ѝ го украле, е пронајден
Тиркизното езеро кај Новосибирск, кое е сè попопуларно меѓу туристите и „инстаграмџиите“ кои обожаваат „селфи“, има една мрачна тајна: тоа својата убава боја ја добива од отпадот од околните електрани
Научници од колеџ во Лондон и Британската антарктичка асоцијација со помош на сателит откриле „езеро од лава“ на Саундер – остров што се наоѓа на крајниот исток на Антарктикот
Приватниот остров Седлбек Кеј, на кој пред две години требаше да се одржи Фјур фестивалот, се продава за 12 милиони долари