Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек - роботи диносауруси на рецепција. Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.
Панда што слика е новата атракција на виенската зоолошка градина. Женката по име Јанг Јанг, која пред две години на свет донесе мечиња близнаци, во меѓувреме научи и да црта.
Индонежанецот Дви Сусиларто го исплати заостанатиот долг за алиментацијата во висина од 14.520 долари во монети, а за да ги донесе 14-те вреќи тешки 890 килограми беше потребно да организира вистински логистички потфат.
Германската Влада соопшти дека не направила никаков подготвителен план во случај да се појават вонземјани на територијата на земјата.
Турскиот фудбалски клуб Ѓулспор, кој игра во една од пониските лиги во таа земја, продал 18 јуниори за да собере пари за купување 10 кози.
Француската научничкка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на „Сто жени што го променија светот“, што ја изготви британскиот магазин „Хистори“ врз основа на гласовите на неговите читатели.
Десет торбички со подароци кои се делеле на венчавката на војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, се понудени на продажба на аукцискиот сајт „Ибеј“.
Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. Грант има и две деца со поранешената девојка Тинглан Хон, со која беше по долгогодишната врска со актерката Елизабет Харли.
Сандалите, кои ги произведуваше сплитската фабрика „Југопластика“, а со кои најчесто растеа децата во поранешната СФРЈ, пак се во тренд откако една од најексклузивните модни куќи во светот „Гучи“ пушти во продажба речиси идентичен модел под свое име.
Хакерка, која украла десетици илјади долари и разголени фотографии на популарната старлета Парис Хилтон, е осудена на 57 месеци затвор.