Во Дунав фатен сом долг над два метра, тежок 80 килограми
Спортски риболовци од северна Србија, синоќа од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тепачката“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката.