Според „Меријам-Вебстер“, зборот на годината е „автентично“
Во ерата на „дипфејк“ видеомонтажи и „пост-вистини“ ('deepfake', 'post-truth'), кога вештачката интелигенција доживува подем и Илон Маск го претвори „Твитер“ во „X“, според светски познатиот „Речник Меријам-Вебстер“, зборот на годината, за оваа 2023., е придавката „автентично“ ('authentic').