Програма што го имитира вашиот глас
Кинеската технолошка компанија Баиду создаде софтвер што може да имитира човечки глас, по анализа на истиот од само неколку секунди. Програмата го користи принципот на невронски мрежи и може не само да ни го изимитира гласот, туку и да направи да звучиме како спротивниот пол или пак, да ни даде друг нагласок.