Пропадна спојувањето на „Хонда“ и „Нисан“
На почетокот на овој месец, преговорите за спојување на јапонските компании „Хонда“ и „Нисан“ дефинитивно пропаднале. Наводната причина, според јапонските медиуми, е што „Хонда“, наместо здружување на силите на рамноправна основа, сакала „да го покори“ жилавиот „Нисан“.