„Чет-ГПТ“ отсега и на „Андроид“
Компанијата „Опен-АИ“, како што најави, ја пушти „Чет-ГПТ“ апликацијата и за „Андроид“. Исто како и верзијата за „ИОС“, и новата програма им нуди на корисниците можност „да разговараат“ со генеративната вештачка интелигенција (ГВИ, АГИ) и да добиваат одговори.