„Самсунг“ ќе промовира револуционерен дисплеј за смартфони на ЦЕС 2019
Борбата за дисплеи без никакви ограничувања ќе влезе во нова фаза во јануари 2019 година, кога „Самсунг“ ќе ја демонстрира својата следна иновација во екраните за паметни телефони. Се очекува на престижниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас да видиме реален дисплеј, од кој директно излегува звук. Потсетуваме дека „Сони“ веќе нуди слична технологија за своите телевизиски приемници.