Мајкрософт пред Епл според пазарна вредност, за првпат по осум години
Пазарната вредност на Мајкрософт ја надмина вредноста на Епл за првпат по осум години. Цената на акциите на тој софтверски гигант во последно време расте, додека акциите на Епл се под притисок поради информации за успорување на растот на продажбата на Ајфон.