Изградба на болници, проекти во енергетиката, нов проект за Мариово, најави Николоски
Изградба на клиничка болница, нов медицински факултет и нов студентски дом во Штип, реновирање на Клиничката болница во Тетово и изградба на комплетно нов Здравствен дом со општа болница во Кичево, се дел од првиот пакет на проекти што ќе се реализираат заедно со брзата пруга, истакна вицепремиерот Николоски.