Ѓуриќ по средбата со Муцунски: Неискажлива трагедија во Кочани го потресе секое срце во Србија, Балканот и Европа
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска во Белград се сретна со својот северномакедонски колега Тимчо Муцунски и рече дека „неискажлива трагедија во Кочани го потресе секое срце во Србија, на Балканот и во Европа“ , јави дописникот на МИА од Белград.