Вучиќ до Лончар: Златиборе, да им ги ставиме сите расположливи капацитети на Македонците, да им помогнеме
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија ќе и пружи брза, силна и сеопфатна помош на Македонија поради несреќата предизвикана од пожарот во дискотеката во Кочани. Рано утринава загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.