Манев: Жежоски требаше да биде само киднапиран но Палевски ладнокрвно му пукаше во слепоочницата
На прашање на неговиот бранител, адвокатот Горан Бошевски, дали се познава со обвинетите, Манев рече дека со Боре Видевски се познава од дете, со Љупчо Палевски од 2018 година, а со Влатко Кешишев две и пол години, ако се смета и времето во затвор.