Народниот правобранител Зибери информираше дека проблем со упис во евиденција на матични книги и добивање на извод имаат повеќе лица.
Прашана како ќе се одрази одлуката на претседателот Трамп за замрзнување на програмите на УСАИД рече дека се уште не знае како тоа ќе влијае на идната американска поддршка на развојот на земјава.
Агелер денеска одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот одблиску.
Владата денеска потпиша Договор со компанијата ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје за донација на 255 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од еден милион евра.
Одбраната на Македонија во рамките на НАТО е повеќе од кога било потребна, а јавноста мора да знае дека мирот и стабилноста се постигнува и со вложување во одбранбените способности, вели пратеникот во македонското Собрание и поранешен генерал мајор Павле Арсоски.
Од ОЈО Скопје информираат дека со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази.
Кај 69-годишен пациент, извршена е трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза. Пациентот е со уреден постоперативен тек, информираат денеска од Министерството за здравство.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе уште една кривична пријава против поранешниот директот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и овластување.
Бихаќка му врати без да го спомне неговото име преку соопштение и Фејсбук статус.
Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат