Сведокот Гоце Трајковски: Од членови на ДЕСНА добивав закани дека ќе паднам во бунар ако не внимавам што зборувам
Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки.