Масовен протест по трагичната смрт на Фросина Кулакова, младите бесни на неказнивоста од страна на судскиот систем
Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина кај Универзална Сала, продолжи преку Собранието и Јавното обвинителство, до Кривичниот суд. На секоја точка, граѓаните оддава почит на Фросина со триминутно молчење.