Без консензус нема промена на имиња на улици, вели премиерот Мицкоски за иницијативата на Касами
-Прво, не може да има промена на имиња без консензус. Тоа зависи од одлука на Влада. Доколку се донесе еднострана одлука, јас како претседател на Владата, таква точка нема да разгледувам, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.