Костадиновски: Моја проценка е дека одлуката за Законот за јазиците ќе биде донесена после локалните избори
Во однос на потребата од закон за Уставен суд, Костадиновски во гостувањето на емисија „Трилинг“ изјави дека прво треба да се смени Уставот, за, како што рече, да се постави основ за двотретински закон, или законодавецот да донесе уставен закон, исто така, со двотретинско мнозинство.