Заев, Села и Гаши се договориле, деталите ќе бидат преточени во Закон до крајот на неделата
-Разговаравме за сите отворени прашања кои беа во предлог-законското решение од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и се изнајдени механизмите за изнаоѓање решение, не би зборувал за деталите, сега треба експертите да ги стават на хартија и да ги анализираат, за да го процесиураме и законското решение, рече Заев.